whatsapp-facebook

Пред неколку недели WhatsApp апликацијата за Android доби гласовни повици. Нормално, iOS корисниците беа малку разочарани бидејќи не ја добија функционалноста во исто време како Android корисниците, но Брајан Актон, основачот на WhatsApp, изјави дека тоа ќе се случи набрзо. Пред два дена официјално iOS верзијата на WhatsApp добива гласовни повици.

Слично како Skype, Viber и останатите апликации кои користат WiFi наместо 3G или обичната мрежа за повици, разговорите преку WhatsApp нема да ве чинат ништо. Така доколку сте надвор од државата во која престојувате нема да има потреба да се грижите за роаминг цени и слични трошоци.

Иако официјално е достапна ажурираната верзија на WhatsApp на iTunes забелешките предупредуваат дека надградбата се случува постепено така што не сите корисници ќе ја добијат веднаш.

Извори: Engadget, iTunes

Претходна статијаCyber Power компјутер за гејмерите, со дизајн кој го одзема здивот
Следна статијаНовите Zeiss објективи за Sony апаратите со вграден OLED дисплеј