Дојде крајот и на оваа 2016-та година, па како што е редот, да направам и јас листа во која ќе наведам некои апликации кои ја одбележаа изминатата година.

Доколку сте корисник на iPhone, секако купен од iStyle Македонија, сигурно знаете за App Store, продавницата за апликации на Apple на која има повеќе од 2.000.000 апликации!

Во продолжение Ви го претставувам мојот избор на апликации, без разлика дали сте, Social Networks Freak, гејмер, бизнисмен или пак едноставно сте Geek и сакате да сте во тек со најновите софтверски достигнувања.

Социјални мрежи

  1. Facebook е моментално најпопуларна социјална мрежа и во изминатите години драстично е подобрен дизајнот и функционалноста на самата апликација. Додадена е опцијата за видео во живо и фотографиите сега се прикажуваат од едниот до другиот крај на екранот без рамки.
  2. Instagram е платформа за споделување и модификување на фотографии. Во 2016-та Instagram го сменија логото кое беше предмет на потсмев кај голем број на блогери и твитерџии. Сепак, со тек на време сите се привикнаа на новото шарено иконче. Исто така, Instagram се повеќе копира функции кои веќе ги има Snapchat, како на пример испраќање на фотографии кои исчезнуваат и интересни фото и видео ефекти.
  3. Snapchat е најбрзо растечка платформа за испраќање на слики и видеа на кои можете да додавате интересни ефекти кои дополнително ја зголемија популарноста на самата социјална мрежа.
  4. Twitter не донесе многу промени, освен видео во живо и опцијата за ноќен режим. Но сепак, ми се допаѓа едноставноста бидејќи и за тоа е наменета, изразување во 140 карактери.

Фотографија

  1. Camera+ е според мене најдобрата апликација која ја користи одличната камера на iPhone-от во целост, особено на најновиот iPhone 7 Plus кој е со две камери.
  2. Snapseed е одлична апликација за модификување на фотографии. Особено ми се допаѓа HDR ефектот.
  3. Prisma е релативно нова апликација, која иако има одлични ефекти, некако многу време се чека за да се модификува некоја фотографија.
  4. YouCam MakeUp е за сите оние кои сакаат да се видат себеси во поинакво издание.

Мултимедија

  1. Orion TV е бесплатна апликација за гледање на телевизија преку интернет. Се логирате како тест корисник и добивате добар избор на балкански и светски ТВ канали. Стримингот е одличен. Доколку Ви истече периодот за тестирање, само избришете ја и повторно инсталирајте ја апликацијата.
  2. YouTube ми е омилена апликација, иако сеуште ја нема опцијата за работење во позадина, која се надевам дека во брзо време ќе ја имплементираат.
  3. MusicTube ја користам поради недостатокот на YouTube за работење во позадина. Со MusicTube ги слушам омилените песни додека телефонот ми е заклучен во џеб.
  4. Shazam може да ја пронајде скоро секоја песна која ја слушате на радио или телевизија. Само вклучете ја апликацијата. Исто така ќе Ви ги чува сите пронајдени песни.

Спорт

  1. Flashscore/Rezultati ја препорачувам на сите оние кои се обложуваат. Резултатите се ажурираат брзо и имате најголем избор на спортови и првенства.
  2. Withings е апликација за следење на Вашите физички активности. Трчање, пешачење, качување по скали и возење велосипед. Ми се допаѓа и функцијата за мерење на пулсот со допирање на камерата.

Комуникација

  1. Messenger повеќе не е имплементиран во самата Facebook апликација. Според мене е најстабилна апликација за видео и аудио разговори. Има интересни eMoji и со најновата верзија се повеќе наликува на Snapchat со опцијата My Stories.
  2. Viber не донесе некои значајни промени изминатата година и некако заостана позади останатите платформи за комуникација. Сепак, популарноста не се намали.

Бизнис и канцелариски апликации

  1. Pages, Numbers и Keynote се бесплатни апликации на Apple кои се достојна замена на Office пакетот на
  2. Word, Excel и PowerPoint сепак се најпопуларни канцелариски апликации, а верзиите за iOS се одлично дизајнирани.
  3. mBanka на комерцијална банка која ја користам има одличен дизајн и лесен за работа.
  4. DayCost е апликација со која можете да ги пратите сите трошоци кои ги имате во денот или пак во месецот и тоа распоредени во категории.
  5. TinyPDF е одлична замена за Adobe PDF читачот на PDF документи. Со TinyPDF можете и да модификувате PDF документи.
  6. TurboScan може да Ви послужи за брзо и лесно скенирање на документи.

Календар и потсетник

  1. Calendar 5 е одличен календар кој може да синхронизира повеќе кориснички сметки како iCloud, Google Calendar
  2. Wunderlist е одлична апликација со која никогаш нема да ги заборавите битните работи кои треба да ги направите.

Интернет пребарувач

  1. Safari одлично функционира, но доколку сте корисник на Windows компјутер тогаш
  2. Google Chrome може да кажам дека е подобра опција од Safari бидејќи има повеќе опции и секако можете да ги синхронизирате Вашите Bookmarks и историја од десктоп пребарувачот.
  3. Puffin е интернет пребарувач кој може да репродуцира Flash видео, опција која ја немаат Safari и Chrome

Гејминг

  1. QuizUp е игра каде што ќе можете да се натпреварувате во знаење за одредена област со Вашите пријатели или пак со случајна личност.
  2. TempleRun редовно ја ажурираат апликацијата со нова и интересна содржина.
  3. Вежбајте ги прстите и забавувајте се со Piano Tiles.
  4. Color Switch е една од најзаразните игри. Само внимавајте да не го скршите телефонот.
  5. Bullet Force ја препорачувам на сите кои ја играле Counter Strike.
  6. Asphalt 8 е одлична за љубителите на автомобилските игри. Има нови возила.

е-Пошта

  1. Outlook е според мене најдобрата апликација за прегледување и испраќање на електронска пошта. Можете да го одложите пристигнувањето на mail-от, да избришете повеќе mail-ови одеднаш и директно да креирате настани преку апликацијата.
  2. Inbox на Google е одлична замена за Gmail апликацијата.

Мапи

  1. Google Maps ги има најдеталните мапи моментално. Но, иако во скоро време воведоа опција за Offline мапи, сепак ќе Ви биде потребна интернет конекција доколку сакате да функционира беспрекорно.
  2. MapsMe е одлична, ако не и најдобра апликација за навигација. Мапите се детални и ретко кога греши во навигацијата. Има и гласовна поддршка. Ги симнувате мапите и ја користите апликацијата Offline.

Алатки

  1. AirMore е апликација за безжично префрлање на музика, видео, слики и документи од Вашиот компјутер на iPhone-от и обратно.
  2. TeamViewer може да го користите за далечинско управување на Вашиот компјутер. Најнова опција е можноста за управување на Вашиот iPhone преку компјутер.
  3. Betternet е бесплатен

Ова се само дел од огромниот број на корисни апликации. Доколку имате некој Ваш предлог, ќе Ве замолам да го споделите.

Имајте среќна и бериќетна Нова Година. Ви пожелувам голем успех и се надевам дека ќе Ви се најде некоја од горенаведените апликации за да Ви го направи животот поубав и полесен.

Претходна статијаВо Франција пуштен во употреба првиот соларен пат
Следна статијаКина успешно започна да го тестира EmDrive