Word-print-options

После долго време на чекање и шпекулации, Microsoft го претстави Office пакетот од апликации за корисниците на iPad при крајот на минатиот месец. Може да се каже дека овие апликации се меѓу најдобрите од овој тип, а многу луѓе, вклучувајќи ги и Apple, кажаа дека Microsoft требало многу порано да ги претстави. За кратко време тие станаа дел од најмногу симнуваните апликации во App Store продавницата.

Една од функциите која што недостасуваше во првите верзии од апликациите, а е една од најмногу бараните, е можноста за печатење на документите директно од нив. Во најновата верзија од Office for iPad, оваа функција е овозможена и корисниците сега ќе може да ги печатат нивните документи директно од Word, Excel и PowerPoint. За да можете да ја користите оваа функција потребно е да имате AirPrint компатибилен принтер. Повеќето нови принтери кои што доаѓаат со Wi-Fi конекција се компатибилни со AirPrint функцијата. Во основа AirPrint е посебен стандард од Apple кој што овозможува печатење на документи преку Wi-Fi од OS X и iOS уреди, без потреба од инсталирање на било какви драјвери.

Excel-print-blog_revised

Покрај можноста за печатење на документите, новата верзија од Office for iPad доаѓа и со SmartGuides функцијата за PowerPoint. Оваа функција, која што е достапна во десктоп верзијата, ви овозможува точно да ги подредите сликите во презентациите преку прикажување на линии водичи. Поточно, кога вршите преместување на една слика додека на слајдот од презентацијата е присутна барем уште една, се појавуваат линии кои ви покажуваат кога двете слики се подредени во иста линија.

PowerPoint-for-iPad-SmartGuides

За Excel for iPad апликацијата додадена е функција AutoFit која што ви овозможува прилагодување на ширината на повеќе редови или висината на повеќе колони во исто време. Ова е исто така уште една функција од десктоп верзијата, која што ги подобрува веќе полните со функции апликации.

Дали почнавте да го користите пакетот Office for iPad и што мислите за апликациите во него ?

Претходна статијаMicrosoft го зголемува просторот на OneDrive for Business на 1TB
Следна статијаNod прстен за контрола на паметните уреди преку гестови
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.