minuum_final_ios8

Новата верзија од најнапредниот мобилен оперативен систем, како што од Apple сакаат да го нарекуваат својот iOS оперативен систем, ќе биде достапна од оваа есен. iOS 8 beta верзијата е веќе достапна за програмерите и е во фаза на тестирање од нивна страна. Новостите кои што доаѓаат со 8-мата верзија од iOS можевте да ги прочитате при нивното претставување, а една од тие новости која што привлече доста внимание беше воведувањето на поддршка за тастатури од трети страни. Ова значи дека исто како на Android, ќе можете да инсталирате апликација која што ќе ја промени тастатурата од оперативниот систем. Веќе се најавуваат голем број од познатите тастатури од Android да бидат претставени за корисниците на iOS по излегувањето на најновата верзија идниот месец.

Една од тие тастатури е Minuum, која што на Android корисниците им е позната по малиот простор што го зазема на екранот поради различната форма од повеќето други. Minuum тастатурата те намалена до скоро мала линија на долниот дел од екранот, што можеби за многу ќе претставува проблем да се навикнат да пишуваат на нешто поразлично распределени букви. Оваа тастатура покрај тоа што има различна форма и големина, доаѓа и со сопствен систем за исправка на згрешените зборови, што е важна функција со оглед на нејзината големина и форма.

Пред официјалното претставување на оваа тастатура за корисниците на iOS 8, нејзините програмери покажаа краток преглед од неа, со што корисниците можат да добијат претстава што да очекуваат кога ќе стане достапна. Minuum за iOS ќе ги вклучува сите функции достапни на Android корисниците, плус една додатна и интересна. Тастатурата ќе може да се зголемува и намалува при самото нејзино користење, со што корисниците ќе можат да изберат дали сакаат да ја користат минималната форма или целосна тастатура како и сите други достапни.

Поради тоа што апликацијата се’уште не е достапна, односно ќе биде достапна по официјалното пуштање на iOS 8, сега можете да се регистрирате, по што ќе бидете известени по email кога истата ќе можете да ја симнете.

Извор: TechCrunch, Minuum

Претходна статијаGoogle Chrome beta доби поддршка за гостински режим и 64-битна поддршка за OS X
Следна статијаNokia HERE Maps ќе бидат ексклузивно достапни на Samsung Galaxy телефоните
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.