Корисниците на паметни телефони и таблети продолжуваат да симнуваат нови апликации во милионски бројки. Всушност, бројот на времето поминато во апликациите продолжува да расте, нешто што може да се забележи и воопшто кога шетаме по улица. Или пак ако и самите се погледнеме во огледало.

Според App Annie, компанија која се бави со истражување токму од овој дел на нашиот секојдневен живот, минатата година луѓето потрошиле преку еден трилион часови гледајќи во некоја апликација. И не само тоа – пораснат е вкупниот број на апликации кои секојдневно ги користат корисниците на Android и тоа за 25%. Ова сепак не значи дека еден корисник користи повеќе апликации – едноставно, пораснат е бројот на корисници воопшто, за што заслужни се источните пазари во развој, како Индија и Кина.

Истите истражувања велат дека во просек, корисниците користат од 30 до 50% од апликациите на својот смартфон, што во превод значи околу 9 или 10 апликации дневно, односно околу 30 апликации месечно. Повторно, ова не значи дека симнуваме апликации кои не ги користиме, туку во многу случаи значи дека производителите инсталираат апликации кои не ги сакаме и не можеме да ги инсталираме. Ова е скоро редовно случај кај Android и мислам дека веќе е време поголемите производители да престанат да го прават тоа.

Најинтересно од сѐ, вкупното време кое корисниците го трошат на апликации на својот смартфон е пораснато на 2 часа и 15 минути и ова е највисока бројка во историјата, која константно расте од 2015 година. Во ова време, корисниците на Android играат повеќе игри, додека оние на iOS повеќе „дремат“ на социјалните мрежи, но како и да е, тоа е исклучително голема бројка.

Исто така, меѓу апликациите, корисниците не трошат најмногу време на социјалните мрежи, што на прв поглед изгледа чудно, но кога ќе се размисли ние нив ги вклучуваме неколку пати на денот, но не се задржуваме претерано во нив. Добро, барем повеќето од нас. Од друга страна, многу повеќе време трошиме на гледање видеа на YouTube на пример.

Извор: Android Authority, TechCrunch

Претходна статијаНаправете ја секоја површина осетлива на допир само со прскање со спреј
Следна статијаiPhone 8 сепак ќе има рамка околу дисплејот?