Без разлика дали патувате за да уживате или за работа, Вие треба да го испланирате патувањето за да знаете кои знаменитости да ги посетите, кој е најдобриот, а воедно и најекономичниот хотел, да имате мапа за да не се изгубите во местото каде што патувате, каде да се паркирате или пак доколку патувате со авион да ги најдете најевтините карти за саканиот период.

Туристички Водич

За пронаоѓање на нови дестинации или локации каде што би можеле да патувате, следните апликации ќе Ви помогнат да се одлучите каде да јадете, престојувате или да се забавувате.

Triposo – Вашиот паметен туристички водич

За сите на кои им се потребни офлајн мапи и туристички водич, Triposo нуди предлози за дестинации кои би можеле да ги посетите, а исто така можете да пребарате и некоја локација за која што сте се одлучиле претходно. Апликацијата ќе Ви предложи локации кои се најдобри за јадење, места кои што треба да ги посетите, или пак некој ноќен клуб за забава. Може да ги зачувате пребараните локации, да прегледате кориснички мислења и да соработувате со останатите членови на оваа апликација.

Апликацијата е бесплатна и може да се преземе од App Store

Modern Atlas Travel Guides & City Maps — околни места во Wikipedia и Wikivoyage

За сите што се заинтересирани за корисна апликација за патување со преубави фотографии и совети, Modern Atlas Travel Guides & City Maps е одлична апликација за откривање на нови места за да ги посетите. Можете да погледнете одлични фотографии направени од целиот свет, да прегледате илјадници туристички брошури и можете да ги забележите на мапа локациите кои сакате да ги посетите. Апликацијата има одлична опција за 3D прелетување низ локациите кои планирате да ги посетите.

Апликацијата може да ја купите за 0.99 долари од App Store

Sygic Travel: Trip Planner & City Guide

За сите оние кои сакаат туристички водич со планер на патување, Sygic Travel: Trip Planner & City Guide Ви ги нуди Fodors туристичките карти за популарните места како Париз, Лондон, Њу Јорк. Како додаток на туристичките карти, оваа апликација Ви нуди и офлајн мапи за да го испланирате патувањето со најбрзата и најбезбедната рута за автомобил, или пак може да Ви помогне во прошетката низ градовите со мапи за пешаци.

Апликацијата може да ја симнете бесплатно од App Store

Најдете Хотел

Од All-Inclusive, до скромно и удобно, најдете сместување какво што само на Вас Ви одговара.

Booking.com

Сите оние кои би сакале да пронајдат и да резервираат сместување со една одлична апликација која Ви нуди одлични цени и илјадници хотели и апартмани низ целиот свет. Филтрирајте според локација, цена, број на соби или кревети, според критики или пак според тоа што има вклучено во сместувањето како на пример дали има WiFi, клима, паркинг, поглед од тераса и сл.

Апликацијата може да ја симнете бесплатно од App Store

Airbnb

Сервис кој нуди приватно сместување на огромен број на локации низ целиот свет. Одлучете се дали ќе сакате да престојувате во романтична гарсоњера со поглед на Ајфеловата Кула или пак сакате двособен апартман во Венеција за Вашето семејство. Бројот на корисниците членови на Airbnb е импресивен и исто така заедницата е доста коректна со тоа што можете да прочитате секакви коментари околу условите на сместување.

Апликацијата може да ја симнете бесплатно од App Store

Офлајн Мапи

Секако, одите на непозната локација со Вашиот автомобил и не сакате да се изгубите барајќи го најкраткиот и најбрзиот пат до таму.

MAPS.ME

MAPS.ME е една од најдобрите апликации кои нуди офлајн мапи за голем број на локации од целиот свет. Мапите се детални со ознаки за паркинг, бензински, знаменитости во местата кои ги посетувате како и за места за јадење, излегување и престој со линкови кои водат директно до booking.com за да можете веднаш да направите резервација. Можете да ја видите најкратката рута од хотелот до местото во кое на пример би имале деловни состаноци.

Апликацијата може да ја симнете бесплатно од App Store

Претходна статијаЕмисиите на јаглеродни гасови во Британија на ниво како во 1894 година
Следна статијаFord со нови хардверски предизвици за беспилотните автомобили