Paper1

Facebook веќе најави дека оваа година треба да очекуваме повеќе нови апликации од нив, апликации како што е Messenger апликацијата на пример. Прва од тие апликации е новата Paper апликација која што Facebook ја претстави денес. Истата е направена од ново формираниот тим во Facebook наречен Facebook Creative Labs, задолжен за креирање на најавените апликации.

Новата Paper апликација е наменета за следење на вести и приказни, како што ги нарекуваат. Истата ќе прикажува содржина од повеќе различни извори и на повеќе теми, како што се спорт, технологија, популарна култура и слично, но вашиот личен Facebook news feed нема да остане исклучен од неа. Првата страна кога ќе ја отворите апликацијата всушност ќе биде вашиот стандарден news feed, односно вашата почетна страна со новости од Facebook апликацијата и веб страната. Разликата ќе биде во дизајнот на апликацијата, а со тоа и прикажувањето на новостите.

Дизајнот на апликацијата е направен во последно време популарниот стил на карти, нешто до некаде слично на Flipboard, со акцент ставен на поголемите слики и содржина. Навигацијата низ апликацијата ќе биде преку неколку едноставни гестови, а исто така ќе биде поставена на целиот екран, за да не ви смета ништо додека читате.

На почеток апликацијата ќе биде достапна само за iPhone корисниците кои се наоѓаат во Америка. Достапноста на истата на iPad или на Android и во останатите земји не е позната. Кратко демо од апликацијата можете да погледнете на официјалната страна на следниот линк.

Извор: Facebook

Претходна статијаНамалената продажба на iPod може да значи крај на новите верзии
Следна статијаНов 3D принтер што работи со јаглеродни влакна
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.