apple-maps-1

Информациите кои што ги објави Apple оваа недела, говорат дека нивната порано избегнувана апликација за мапи, Apple Maps, сега е многу повеќе користена од страна на iOS корисниците, па дури 3 пати повеќе од Google Maps.

Според овие информации, Apple Maps платформата добива повеќе од 5 милијарди барања поврзани со мапите во текот на една недела. Тоа покажува дека корисниците веќе немаат проблем да ја користат апликацијата од Apple која што немаше баш најдобар почеток.

Во 2012 година, кога беа претставени Apple Maps, главна апликација за мапи на iOS платформата беше Google Maps. По претставувањето на нивното решение, Apple ги тргна Google Maps на сметка на својата апликација.

Меѓутоа, после краток период на користење, излегоа на површина многу грешки кои што не биле средени пред пуштањето на апликацијата. Корисниците се жалеа дека на мапите има многу грешки во означувањето на локациите, насоките ги носат по грешни и непостоечки улици и слично.

Apple дури мораа да се извинат за направената грешка на очигледно предвремено пуштање на апликацијата и да им препорачаат на корисниците да користат некоја од конкурентите апликации. Во ваквата ситуација Google Maps добија уште поголема популарност и се покажаа како доминантни на овој пазар.

Што се однесува до состојбата денес, треба да се истакне дека за доаѓање до огромната бројка на неделни користења на Apple Maps, постојат одредени „олеснителни“ околности кои што треба да се земат во предвид.

Apple Maps, како што е и случајот со Google Maps на Android, доаѓаат пред-инсталирани со оперативниот систем, па корисниците треба да симнат апликација од App Store доколку сакаат да користат некоја друга.

Исто така, програмерите кои што развиваат апликации кои што имаат потреба од мапи, тоа може да го направат со Apple Maps, па сигурно голем удел во бројката на активни корисници на мапите се вклучуваат и корисниците на ваквите апликации.

Поради овие фактори ставивме прашалник во насловот на статијата, односно се прашуваме дали Apple Maps сепак се главниот избор на корисниците.

Сепак, Apple Maps се многу подобри од 2012 година. Apple активно работи на исправка на пријавените грешки, а имаат купено и неколку компании кои што работат во областа на мапирање, информации за сообраќајот, поважни локации и слично.

Извор: AP, TechRadar, VB

Претходна статијаHERE официјално веќе не се дел од Nokia
Следна статијаApple претстави футрола за iPhone 6S со дополнителна батерија и дискутабилен дизајн
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.