Популарната социјална мрежа Instagram во текот на денот лансираше нов update кој е составен од низа корисни алатки, со примарна цел да го спречат или барем намалат вознемирувањето на нивните корисници.

Прва на списокот нови можности кои ги нуди Instagram е ограничувањето на опцијата за коментирање. Тоа ќе значи дека од сега, корисникот ќе може исклучи одредени корисници од можноста да коментираат на неговите постови. Во овој случај, категоризирањето на корисниците е направено во три категории и тоа: корисниците кои самиот ги следи, неговите следачи или пак обете. Приватните профили и понатаму ќе ја имаат опцијата потполно да ги исклучат коментарите, меѓутоа ваквата рестрикција ќе се однесува на секој пост одделно.

Понатаму, Instagram го унапреди својот систем за детектирање на навредливи коментари додавајќи четири нови јазици, арапски, германски, француски и португалски. Овој систем беше лансиран во јуни, наменет за англиското говорно подрачје, а користи AI технологија за да се унапредува со текот на времето.

Дополнително, што се однесува до опцијата Live, гледачите од сега ќе можат да испраќаат фидбек кој се однесува на менталната состојба на емитувачот. Ваквата алатка е воспоставена како резултат на се поголемиот број на случаи кога корисниците емитуваат видеа од самоповредување, па дури и самоубиства.

Извор: The Verge, Engadget

Претходна статијаGPS лоцирањето кај смартфоните наскоро ќе стане многу попрецизно
Следна статијаBritish Airways користи далечински управувани електрични возила за шлепување на авионите