Корисниците на мобилната апликација Facebook во последните неколку денови со новото софтверско дополнување можат да забележат нова икона која се појавува во горниот или долниот дел од екранот зависно од тоа кој оперативен систем го користат.

Тие веќе популарно ја нарекоа, како што и изгледа, ракета. Но, остана нејасно која функција ќе ја врши новата ракета на Facebook. Според првичните информации, се работи за уште еден вид на News Feed секција, меѓутоа со извесна разлика.

Преку овој дел Facebook ќе му прикаже на корисникот теми и содржини за кои тој претходно има пројавено интерес. Разликата, секако, ќе биде тоа што изворот на содржините ќе биде поинаков, од оној на кој сме навикнати на News Feed. Тоа ќе значи дека „ракетата“ ќе ни понуди содржини и теми за кои Facebook знае дека сме заинтересирани, но ќе ни го прошири хоризонтите покажувајќи ни нови дотогаш, непознати извори на истите.

Замислете да сте вљубеник во фудбалот или огнен навивач на некој конкретен клуб. Да речеме дека Facebook веќе го „знае“ тоа, па така, преку алгоритмот преку кој функционира, во новиот Rocket Feed, ќе ви понуди нови содржини, информации и сл. од извори кои воопшто и не сте знаеле дека постојат, а се тесно поврзани со вашата зона на интерес.

Не е прв пат Facebook да експериментира со воведување втор News Feed. Како што е познато, минатата година во април беше тестиран сличен начин на сепарирање на содржините, меѓутоа не наиде на особен интерес кај корисниците. Слично нешто може да се очекува и со популарната „ракета“.

Интересно да се забележи е дека Facebook конечно го има регистрирано проблемот, а тоа е дека News Feed секцијата едноставно нуди еден куп слични содржини и е потребно да се отворат хоризонтите, меѓутоа, очигледно им недостасува вистинскиот начин за тоа да го применат во пракса.

Извор: Thenextweb.com

Претходна статијаCareerLaunch 2.0 – саем за кариера во tech и стартап компании
Следна статијаApple спрема комплетно „реобмислен“ Mac Pro компјутер