Facebook M, виртуелниот асистент кој се развива уште од 2015-та година беше првично пуштен во употреба во декември минатата година. Сервисот беше достапен исклучиво преку покана за користење и во својата Beta варијанта.

Меѓутоа, своето комерцијално деби го доживува токму сега, меѓутоа, само за корисниците на апликацијата од САД. Глобално сервисот се очекува да стане достаен во наредниот период.

За што конкретно се работи?
M е всушност дополнување на услугите кои ги нуди основниот Facebook Messenger. Меѓу поинтересните и попрактични секако влегуваат можноста за плаќање и трансфер на пари, повикување на сервиси како Uber или Lyft, споделување гео-локација и сл. Меѓу другото, се очекува М да ги скенира групните конверзации во кои ќе бара клучни зборови, кои понатаму ќе ги употребува при давање на сугестии при планирање или организирање. Секако, постои и опција „советникот“ да се исклучи преку менито за подесувања.

Софтверското дополнување на апликацијата Messenger за корисниците од САД е достапно од 6-ти април, за двата најголеми оперативни системи iOS и Android. Се работи за софтвер кој особено долго е во фаза на разработка и усовршување. На прв поглед, изгледа ветувачки и ќе внесе револуционерни промени во начинот на користење на самиот Messenger, кој ќе стане личен асистен, многу повеќе отколку само апликација за разменување на пораки.

Извор: Facebook

Претходна статијаGoogle ја интензивира борбата против лажните вести
Следна статијаGoogle бара од LG свитлив OLED дисплеј за новите Pixel смартфони