YouTube воведе нов начин на споделување на видеа преку нивната мобилна апликација, како што тие истакнуваат, меѓутоа во основа со тоа тие стануваат уште една апликација за разговори.

Се разбира, не сакаме да кажеме дека ова не е нешто добро. Очигледно онлајн комуникацијата е нешто навистина популарно кај корисниците, па изгледа никогаш не се доволни разните начини каде што тоа може да се направи.

Споделувањето на видеата, односно можноста за разговори во YouTube е овозможена преку нов дел во апликацијата наречен Shared. Во овој дел, односно посебна лента на долниот дел од апликацијата, ќе бидат прикажувани сите посебни започнати разговори.

Разговор може да се започне преку притискање на стандардното Share копче во апликацијата, каде што сега се достапни и YouTube пријателите. По споделувањето на видеото директно кон некој корисник може да се продолжи со коментирање, лајкување, праќање стикери и слично.

Разговорите може да бидат и групни, како што би се очекувало од една ваква функција, а бројот на пријатели кои може во исто време да се приклучат на групата е ограничен на 30.

Оваа нова функција на YouTube се развива од минатата година и со тек на време е унапредена од местата каде што биле достапна во ограничен број.

Корисниците кога сакаат да споделат некое видео, обично тоа го прават на истиот начин, во некоја од веќе познатите апликации, како Messenger. Дали ќе сметаат дека директно во YouTube им е попрактично, ќе имаат едно место само за коментирање на видеа, ќе видиме со тек на време.

Извор: YouTube, VB

Претходна статијаПотврдено: iPhone 8 ќе има голем 5,8 инчен дисплеј и минимална рамка
Следна статијаУниверзитетско истражување открива четири видови на Facebook корисници
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.