youtube-live

YouTube има поддршка за пренос во живо веќе подолг период, меѓутоа за истото се потребни, да речеме одредени ресурси, што ја прави активноста не толку едноставна за обичните корисници.

Со големата популарност на апликациите како Periscope од Twitter, а иста можност нуди и Facebook, чудно беше зошто YouTube не овозможи едноставна можност за пренос во живо преку нивната апликација.

Конечно оваа ситуација ќе се промени, па корисниците ќе можат да започнат пренос во живо на YouTube директно од мобилната апликација на сервисот, односно YouTube за Android и iOS.

Започнување на пренос во живо ќе се прави едноставно со притискање на едно копче за таа намена, избор на слика, како и параметри како дали видеото да биде јавно, дали може да има коментари и дали да бидат известени корисниците.

За почеток оваа можност ќе биде достапна на одредени објавувачи на содржина, но од Google најавуваат дека можноста ќе биде широко достапна наскоро.

Извор: YouTube Creator, TNW

Претходна статијаFirefox „Containers“ ќе овозможат користење на повеќе сметки во исто време на една веб страна
Следна статијаКако да направите чиста реинсталација на Windows 10 со “Windows Refresh Tool ”
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.