YouTube спреми нов дизајн за своите мобилни апликации, поточно истиот е веќе достапен на iOS, па промените најмногу ќе ги забележат корисниците на Android кои во периодот што следи треба да ја добијат надградбата.

Главната промена корисниците веднаш ќе ја забележат по отворањето на апликацијата. Навигацијата веќе не се прави преку лентите кои се поставени на горниот дел од корисничкиот интерфејс, а тие се префрлени на долната страна, што според нас е многу подобро решение, а повеќето апликации на iOS веќе одамна стандардно го користат овој концепт.

Покрај оваа најзабележлива промена, направена е и промена во начинот на прикажување на содржината на корисникот, односно од неговата сметка.

Видеата од корисникот, плеј листите, како и историјата на гледани видеа се ставени во посебен дел наречен Library кој се наоѓа на новата долна лента. Сметката и прилагодувањата остануваат на горниот дел, односно до нив се пристапува со притискање на сликата од корисникот.

Новата лента на долниот дел ќе се прикажува на сите делови од апликацијата, освен во делот за гледање на видеа. Исто така, активностите во посебните делови ќе бидат запаметени, па кога корисникот ќе се префрли на друг дел, без проблем ќе може да продолжи каде има застанато на некој од другите делови.

Надградбата на апликацијата треба веќе да е достапна за корисниците, но како и обично истата се пушта етапно, па на нашиот уред се’ уште не е достапна.

Како и да е, можете да проверите за нова верзија преку Play Store или директно преку следниот линк до апликацијата.

Извор: PhoneDog, YouTube

Претходна статијаСамсунг ја претставува целосно новата Галакси Ј серија
Следна статијаСмартфоните се како слот машини – апликациите се прават на начин да створат зависност
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.