whatsapp-1357489_640

Можеби последната апликација од овој вид која ја немаше оваа можност, WhatsApp, од оваа недела започнува со воведување на видео повици за сите свои корисници. Видео повиците ќе бидат достапни по надградбата на апликацијата, нешто што треба да биде достапно во периодот што следи, за сите корисници на Android, iOS, па дури и Windows Phone.

WhatsApp започна со тестирање на видео повици во својата бета верзија од апликација оваа година, па дури сега тие стануваат достапни за сите корисници и на обичната верзија.

Од WhatsApp истакнуваат дека видео повиците се важен дел од една ваква апликација и дека корисниците веќе одамна ја бараат оваа можност од нив, па се многу возбудени што конечно можат да ја овозможат.

Исто така, тие истакнуваат дека видео повиците ќе бидат достапни без разлика од видот на мобилен телефон што се користи или колку е слаба мобилната мрежа во одредени земји.

По надградба на апликацијата, на нашиот телефон таа уште не е достапна, ќе биде додадено дополнително копче до тоа за аудио повици, од каде што ќе може да се започнуваат видео повиците.

Што се однесува до самата можност, нема што посебно да се каже. Видео повиците им се познати на корисниците веќе одамна, па WhatsApp не воведува, а и нема што ново да воведе. Останува само да ги тестираме, па да видиме дали нудат нешто подобар квалитет од конкурентите.

Извор: WhatsApp

Претходна статијаSkype овозможи користење на сервисот без потреба од сметка
Следна статијаGoogle и Facebook со мерки против сајтовите со лажни вести
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.