Tinder е и официјално најпрофитабилната апликацја која се нуди на Apple-овиот App Store. Зад себе Tinder остави многу популарни и корисни апликации од типот на Netflix или играта која се наоѓаше долг период на тронот Candy Crush.

„Дејтинг“ апликацијата го превзема врвот особено по промоцијата на својата „Златна“ верзија. Имено, Tinder Gold беше промовирана минатиот вторник, а на корисниците им се нуди поедноставен начин да го пронајдат својот чет-партнер така што однапред имаат увид во корисниците кои се изјасниле дека би сакале да комуницираат со нив. На тој начин се скратува времето за пронаоѓање на партнер, додека повеќе време е посветено на самата комуникација.

Апликацијата е генерално бесплатна, меѓутоа постојат и дополнителни опции кои можат да се користат со плаќање. Платените опции постојат од 2015-та кога Tinder го претстави своето „дополнување“ Tinder Plus.

Што се однесува до актуелните цени Tinder Plus ги чини корисниците на Apple уредите од САД само 9,99 американски долари, додека најновиата Gold верзија чини 14,99 долари. Дополнителни заработки на компанијата секако, им носат рекламите кои се појавија од неодамна, меѓутоа се неверојатно иритантни за корисниците.

Извори: Business Insider, TechCrunch

Претходна статијаЕлон Маск смета дека вештачката интелигенција ќе ја предизвика третата светска војна
Следна статијаПутин: Иднината на светот ѝ припаѓа на AI технологијата