all-themes-blog-1

SwiftKey е една од најпознатите апликации кои ја менуваат стандардната тастатура на Android и iOS уредите. Во сопственост на Microsoft од почетокот на оваа година, апликацијата продолжи да биде развивана со нови функции.

Темите коишто се достапни во прилагодувањата од апликацијата овозможуваат корисниците да изберат како би сакале да изгледа нивната тастатура, односно нејзината боја и поставеност на информациите.

Иако беа достапни одреден број на бесплатни теми, повеќето се продаваа по не толку висока цена во SwiftKey Store, но не секој е спремен да плати за да ја смени бојата на тастатурата на својот мобилен телефон.

Од оваа недела, по повод празниците коишто следат, SwiftKey ги направија бесплатни сите достапни теми во нивната продавница, па корисниците се што треба е да ги разгледаат и симнат на нивниот уред.

Бесплатна е целата колекција којашто според компанијата вклучува околу 100 различни теми.

Теми исто така може да се симнуваат во пакети од повеќе слични теми, кои се разликуваат само по бојата.

Доколку не сте сигурни каде можете да ги разгледате и смените темите на тастатурата, следното видео од компанијата ќе ви помогне во тоа.

Доколку не ја користите SwiftKey, можете да ја симнете преку официјалните продавници за апликации на вашиот мобилен уред, односно преку следните линкови за Android и iOS.

Извор: SwiftKey

Претходна статијаПрвите Android телефони на Nokia пристигнуваат на почетокот од 2017 година
Следна статијаМалициозен софтвер загрозува милион Android уреди преку инсталирање на апликации
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.