marko-4

Сите ние сакаме да можеме да не забораваме повеќе, да бидеме продуктивни и секогаш да ги имаме вистинските информации во правилниот момент. Живееме во трка со времето каде што многу од нас се трудат да не ги забораваат работите што им се обврска во текот на денот. Она што го посакуваме е да имаме некој што ќе ги помни сите работи за нас. Некој што ќе ни даде моќ со која помнењето би било забавно и притоа нема да бара од нас голем труд. Со новата верзија, MarkO станува ваша  надворешна меморија. Токму поради неговите интелигентни потсетници, вашиот ум останува слободен за работите кои вам ви се важни. Сега конечно ќе ја почувствувате супермоќта на помнењето!

За разлика од повеќето апликации – потсетници што бараат да правите сè сами, да ги внесувате сите барања  и постојано да го следите прогресот на вашата продуктивност, MarkO оди чекор понапред и ви дозволува да ги внесувате сите податоци на едноставен и лесен начин, а сепак успешно да ги завршувате обврските.

Наместо стандарниот начин на креирање на потсетник, со пишување на задачата во апликацијата, MarkO со својата нова функционалност наречена “Import”, ви овозможува да ги креирате потсетниците преку копирање на текст на едноставен и брз начин  од твојот web пребарувач или   од некоја од најпопуларните чет апликации. Потоа, со помош на вештачка интелигенција MarkO  ви нуди предлози каде и кога вашата задача може да биде извршена.

Последно, но не и најмалку важно, MarkO ви дозволува да ги споделувате вашите потсетници со вашите пријатели што дури и ја немаат инсталирано апликацијата. Можете да споделувате потсетници со вашите пријатели на Facebook или со пријателите на WhatsApp, Slack, BBM, Skype, Hangouts, G+, Messenger, Kakao Talk, Line, Viber, SMS и Email.

ПРЕЗЕМЕТЕ ЈА МаркО ОВДЕ!

Како сè ова работи: Едноставно и лесно како 1, 2 и 3. Наоѓате интересен рецепт за оригинална италијанска пица на вашиот омилен готварски портал. Го копирате текстот со потребните состојки и MarkO го претвора во потсетник. Потоа, веднаш ви дава предлог за категоријата на локацијата каде што можете да ги купите состојките за пицата. Во овој случај тоа е продавница. Притоа ви текнува дека може да побарате помош од вашата мајка. Го споделувате потсетникот со неа и оставате MarkO да ја потсети за да ги купи потребните состојки кога ќе помине покрај било која продавница на пат за дома. Интересно, нели?

MarkO ви дозволува да креирате неограничен број на потсетници, неограничени споделувања и да добивате неограничен број на известувања и сето ова БЕСПЛАТНО.

Во моментов, MarkO има посебна андроид апликација за паметните часовници, која е направена со цел да го револуционизира начинот на кој се прават потсетниците. Апликацијата ја користи функционалноста на Google – “Препознавање на глас” за креирање на потсетниците, но тоа не е сè. MarkO може да ги препознае локацијата, времето и луѓето кои се вклучени во потсетникот и за само неколку секунди можете да креирате потсетник кој ќе Ви пристигне на вистинското место и време. Бидете потсетувани директно од вашата рака без да бидете постојано прилепени за вашиот телефон.

marko-wear

Со вашиот нов суперхерој – MarkO, можете да бидете мрзeливи и продуктивни во исто време!

Претходна статијаСпоред нови пресметки, во вселената има многу помалку ѕвезди и галаксии отколку што се мислеше
Следна статијаHero 4 Session е најмалата акциона камера на GoPro досега!