Обратна аукција во секојдневниот живот

Напишано на 20.11.2015 - 16:56 од Смартпортал

claxi-1

Мобилната апликација Claxi за прв пат им овозможи на сите граѓани да бидат дел од најголемата обратна аукција која е активна секој ден 24/7 во Скопје, Велес и Битола и која до сега ја испробале повеќе од 10.000 корисници.

Сите корисници на смарт телефони сега можат да ја превземат апликацијата Claxi и кога ќе имаат потреба од такси да испратат барање до целата мрежа на возачи. На секое барање самите возачи ги испраќаат своите понуди и исто како на аукција тие ги испраќаат своите предлог цени за конкретната релација од кои потоа патниците можат да изберат која понуда нив најмногу им се допаѓа. Ова е најуникатниот начин кој им овозможува избор на сите патници и возачи сами да одлучат што за нив е најсоодветно и да ја изберат понудата која најмногу им одговара.

“Поврзувајќи ги светските IT трендови за модернизирање и олеснување на секојдневните активности како и возвишувајќи го основното правило на пазарот – дека корисникот е секогаш во право – создадовме апликација која наликува на обратна аукција за да може секогаш патниците да добиваат подобри цени и подобри понуди, а возачите да заработат повеќе секогаш добивајќи ги најблиските рути.” – изјави Пандорка Чушкова, Маркетинг менаџер на Claxi.

claxi-screens-4

Она што дополнително го издвојува Claxi од досегашните традиционални начини на повикување на такси е тоа што оваа апликација не е такси компанија само по себе, туку е еден голем посредник помеѓу сите возачи кои се регистрирале на апликацијата и сите патници кои се корисници на Android или iOS смарт телефон. Токму поради нејзината независност од такси компаниите, Claxi овозможува да се добиваат различни понуди од кои патниците можат сами да изберат која понуда нив најмногу им одговара.

Симни ја Claxi за Android

За Авторот