netflix-offline-feat

Најавено како можност која наскоро треба да биде достапна, Netflix со денешната надградба на нивната мобилна апликација им овозможи на корисниците да ја симнат содржината која сакаат да ја гледаат, за подоцна да ја гледаат без потреба од интернет конекција.

Можноста е достапна за сите корисници на мобилната апликација на Android и iOS, а бројот на наслови кои ќе може да се симнат со тек на време ќе се зголемува, односно моментално е ограничен на содржината продуцирана од Netflix, како и уште некои други избрани наслови.

Симнувањето на содржината се прави едноставно преку притискање на новото копче, во форма на стрелка надолу, кое е додадено до инфо делот за секој филм или епизода од сериите, односно до секоја епизода во листата на епизоди.

netflix-offline-screens

Во менито за прилагодувања може да се избере дали содржината може да се симнува само преку Wi-Fi, како и просторот којшто таа го зафаќа на уредот. Од тоа што можевме да прочитаме во најавата за новата функција, треба да биде достапен и избор на квалитетот на симнатата содржина, меѓутоа кај нас го нема тоа.

По симнување на саканата содржина, истата може да се гледа без потреба од интернет конекција. Ова е одлична можност за корисниците кои сакаат да гледаат некој филм или серија додека патуваат со авион, на пример или кога се некаде каде интернет конекцијата не е доволно брза и стабилна, а и лимитот е ограничен.

За да ја добиете оваа најнова функција, се што треба да направите е да ја ажурирате апликацијата на вашиот уред преку продавниците за апликации на соодветната платформа.

Извор: Netflix

Претходна статијаНа 6 декември Meizu ќе го претстави својот нов m5 Note
Следна статијаSailfish OS е официјална алтернатива за Android на Руската Влада
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.