Денешните игри достапни на Play Store се многу подобри отколку што беа пред неколку години, но разликата меѓу нив и компјутерските игри е сѐ уште голема, особено во поглед на квалитетот, графиката и содржината. Но, што ако отсега можете да играте популарни компјутерски игри директно на вашиот смартфон?

LiquidSky 2.0 Beta е апликација која е достапна на Play Store, која може да ви го овозможи токму тоа. Идејата е прилично едноставна – LiquidSky 2.0 Beta работи како своевиден стриминг сервис, но наместо гледање филмови, тој „стрима“ игри од некој надворешен клауд сервер. Ова не само што овозможува достапност на цела серија на игри, туку значи и дека нема да треба да ги инсталирате. Исто така, бидејќи игрите ќе ги „вози“ друг компјутер, ќе добиете графика каква што би добиле на некој гејмерски компјутер.

Интересно, апликацијата ги поддржува и сите поголеми сервиси за купување игри, како Steam, Humble Bundle, GOG, Origin и Blizzard. Ова значи дека покрај постарите компјутерски игри, како на пример оние од 90-тие и првата деценија на новиот милениум, вие ќе можете да ги играте и најновите графички интензивни игри.

Сето ова е можете да го правите целосно бесплатно, доколку сте подготвени да гледате реклами секогаш кога играте некоја игра. Инаку, доколку не сакате реклами може да купите посебно кредити (почнуваат од 10 долари), како и да плаќате месечно по 20 долари за целосна достапност на сервисот.

Нормално, за квалитетно играње, поради самата природа на апликацијата, треба да имате прилично брз интернет, пожелно по кабел или пак безжично преку 5 GHz Wi-Fi мрежа, односно брза и квалитетна 4G мрежа. Покрај Android, LiquidSky 2.0 Beta е достапна и на Windows Store.

Извор: Engadget, Venture Beat, LiquidSky

Претходна статијаASUS ZenFone 4 Max е супер телефон со батерија од 5.000 mAh
Следна статијаНајчести грешки и предизвици кои ги демнат младите возачи