link-bubble

LinkBubble е мала Андроид апликација која веднаш се интегрира со вашиот интернет прелистувач и го променува начинот на кој се отвораат нови линкови. Пред да постои оваа апликација, при отворање на нов линк, истиот се отвора во прелистувач и мора да се чека додека се отвора бараната веб страна, додека зависно од брзината на вашиот интернет, тоа може да потрае и е навистина фрустрирачки.

Поради тоа била создадена оваа апликација која го решава проблемот на брз и интуитивен начин. Наместо веднаш да ви се појавуваат кликнатите линкови на цел екран, тие се отвораат во позадината, додека вие се уште ја читате претходната страна. Кога линкот комплетно ќе се отвори, имате можност да го доведете на екранот користејки мали икони од страната на дисплејот, слични на chat heads од Facebook. Откако ќе се појави таканареченото меурче од страната на екранот, можете да ги доведете страниците кои ги имате отворено на екранот, а исто така можете и да ги вратите назад, ако би сакале да работите со неколку отворени прозорци. Во секој случај, оваа апликација доведува нова функционалност на Android паметните телефони.

link-bubble-screens

Апликацијата е лесна за користење и не бара импресивни перформанси. Функционира одлично на секој вид на Android телефон. Додека еден прозорец е отворен, другите се обидуваат да се отворат и останат пасивни во позадина, без да трошат непотребни ресурси. Тоа значи дека ако некој прозорец успее да замрзне од било која причина, можете просто да го отстраните.

Факт е дека не се сите Android телефони еднакви во своите перформанси. Ако вашиот Android просто не може да отвори веб страна без некое време да морате да гледате празен екран, симнете LinkBubble. Апликацијата е достапна во Play Store и можете да ја симнете преку следниот линк.

link-bubble-qr

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаBrix Pro – моќен компјутер кој го собира во вашиот џеб
Следна статијаПронајдете место за дремка со Google Naps