one-max

HTC One MAX беше еден од првите телефони со читач за отпечатоци на прстите, веднаш по iPhone 5S. Две години по неговото претставување, дознаваме дека скенерот ги складирал податоците така што тие биле достапни на апсолутно секоја апликација, без потреба од некои посебни дозволи и пермисии.

Според компанијата за безбедност FireEye Labs, телефонот не нуди никаква заштита на биометриските податоци на корисникот, бидејќи датотеката која ги содржи е видлива и нема никаква енкрипција. Вака, буквално секоја инсталирана апликација може лесно да пристапи до информациите, односно, лесно е да се направи и хакерска апликација која ќе биде наменета само за тоа.

Интересно, FireEye Labs спомнува дека и други уреди може да имаат вакви пропусти. Ние веќе објавивме дека сите Android телефони со скенер за отпечатоци на прсти се лесни за пробивање, па нема да биде чудно ако следниве неколку денови чуеме дека многу други уреди имаат ист ваков проблем, иако од Samsung веќе се огласија дека нивните телефони се безбедни.

Инаку, пред повеќе од две години, HTC веќе доби предупредување од “Federal Trade Commission” за заштитата на своите уреди, односно за малото внимание посветено на наоѓање на безбедносни пропусти во софтверот на своите телефони. HTC One MAX беше лансиран после тоа предупредување, па е чудно како можел да помине ваков пропуст.

Ако можеме да извлечеме една позитивна работа од ова, тоа е дека HTC One MAX не помина успешно на пазарот и не се продадоа многу примероци, па затоа веројатно не бил подлежен на многу хакерски напади.

Извор: The Verge, 9to5 Google

Претходна статијаНаскоро можеби ќе јадеме белки од јајца кои не доаѓаат од кокошки туку од – квасец!
Следна статијаZUK Z1 е иновативен кинески телефон со минималистички дизајн и многу ниска цена