wallpapers-1

Новите Pixel уреди од Google, како и најновата верзија од Android, донесуваат одредени новини кои од време на време им стануваат достапни и на останатите корисници, односно на тие со други уреди и верзија од оперативниот систем.

Таков е случајот со новата Wallpapers апликација која е направена на основа на системската функција за избирање на позадини во Pixel телефоните. Истата сега е достапна за сите корисници, поточно на тие кои имаат уред со Android 4.1 или понов, а може да се симне преку Play Store на следниот линк.

Се работи за едноставна апликација која не нуди огромен број на слики за позадини, како што е тоа случајот со популарната Zedge, на пример. Позадините се поделени во неколку категории, како Земја, Пејзажи, Градски пејзажи, Живот, Текстури, а достапни се и системските позадини од телефонот, како и било кои други папки кои ги креирате самите или други апликации за позадини.

wallpapers-2

Со Wallpapers исто така може да се избере да секој ден се менува позадината, а истото да се прави во одредена категорија од достапните. На овој начин секој ден ќе имате нешто ново да гледате на вашиот телефон, па доколку сте од луѓето кои не можат да ги гледаат истите работи, сега на едноставен начин, без ангажирање од ваша страна ќе може да го правите истото. Се разбира, ова не е некоја нова и посебна функција, а истата ја нудат повеќето конкурентни апликации.

Претходна статијаЗапочна Самитот Македонија2025 – Настан што го дефинира технолошко-деловниот импулс на македонското стопанство
Следна статијаДостапна Developer Preview верзија од Android 7.1 – верзијата на новите Pixel телефони
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.