Гугл започна тестирање на својата мега-популарна апликација за интернет пребарувања, меѓутоа, овој пат во своја „олеснета“ варијанта, наменета за пазарите со проблеми со квалитетот на интернет конекцијата.

„Search Lite“ во моментов се тестира во Индонезија, а корисниците имаат пристап до речиси истите алатки и услуги кои ги нуди регуларниот „Search“. Корисниците можат да пребаруваат информации, да пристапат до Google News или да ја следат временската прогноза, да користат преведувач, користејќи минимален интернет сообраќај.

Тестирањето на „олеснетите“ апликации стана пракса на софтверските компании кои се обидуваат да освојат пазари каде се јавува проблемот со бавната или неквалитетна интернет конекција.

Генерално, олеснетите апликации завземаат помалку меморија на уредите, користат помалку RAM и функционираат сосема задоволително со бавна интернет конекција, но и поддржуваат извесни опции кои можат да се користат потполно оф-лајн. Конкретно, пребарувачот „Search“ е олеснет во насока на намалените податоци кои се вчитуваат со самото вклучување на апликацијата, како и можноста за персонализирање на информациите кои воопшто ќе се вчитаат, а му се потребни на корисникот.

Извор: Android Police, TechnoBuffalo

Фото: Android Police

Претходна статијаПротечена фотографија открива пофутуристички дизајн, но и изработка од пластика на новиот Google Nest термостат
Следна статијаSamsung Galaxy S9 ќе доаѓа со Snapdragon 845 чип