Едно од последните надополнувања на Google Photos вклучува опција за стабилизирање на видеата кои сте ги снимиле. Корисниците на оваа апликација, односно оние кои го имаат последниот update, ќе можат да ја користат опцијата преку едноставно одбирање на видео од нивната колекција и одбирање на опцијата edit.

Од таму со одбирање на споменатата алатка, започнува процесот. Времето потребно за одредено видео да се „стабилизира“ ќе зависи од низа очекувани фактори, како на пример: резолуција во која е снимано, бројот на фрејмови, битрејт и секако, капацитетот на уредот на кој се врши процесот.

Со цел корисникот да има увид во делотворноста на стабилизаторот, откако процесот ќе биде завршен, ќе биде вклучена опција за споредување на двете видеа, односно пред и по стабилизирањето. Секако, софтверот минимално ќе ја исече сликата по рабовите и ќе го искористи тој простор за да создаде визуелно постабилна слика. Оваа измена, е примарно наменета за хардверски послабите уреди, со што ќе се подобри квалитетот на видеата направени со нив.

Покрај стабилизаторот, како главна новина, Google Photos, во своето најново издание ќе вклучува и динамични филтри за понатамошно унапредување на квалитетот на сликата во само еден чекор; напредни контроли за прилагодување на боите и светлото; Deep Blue слајдер со чија помош се уредува бојата на небото или вода.

Извор: The Verge, TechSpot

Претходна статијаПротекоа сите спецификации за супер моќниот HTC U 11
Следна статијаПретставен концептот на целосно ечектрична Škoda