google-now-cards

Google Now апликацијата, која што е еден вид на персонален асистент за Android уредите, до сега ја имаше можноста да работи со апликациите и сервисите од Google. Преку Google Now корисниците можат да добијат информации за најновите вести, временската прогноза, да пребаруваат на интернет и апликации, да го следат сообраќајот, да закажуваат состаноци на Google Calendar, да активираат аларми и многу повеќе. Во основа веќе повеќето корисници се запознаени со можностите на популарните персонални асистенти.

Google најави дека почнувајќи од оваа недела, Now сервисот ќе работи и со апликациите направени од другите програмери, односно тие кои што не се од Google. Тоа на корисниците ќе им овозможи многу поголема функционалност на апликацијата која што сега може да биде едно централно место за дневните активности на корисниците.

Информациите на Google Now се прикажуваат во форма на карти за секоја посебно. Апликациите кои што ќе прикажуваат информации мора да бидат инсталирани на уредот, а за почеток остварена е соработка со повеќе сервиси. Па така, корисниците ќе можат информациите на Google Now да ги добиваат од апликации како Airbnb, Instacart, Pandora, Shazam, Lyft, TripAdvisor, Kayak, eBay, Walgreens, Ford, Waze, Strava, Duolingo, Mint, The Economist, The Guardian и повеќе. Целосната листа на моментално поддржаните апликации е достапна преку следниот линк.

google-now-3p-cards

Од Google даваат и пример како оваа нова можност на Now ќе им овозможи на корисниците подобра работа со својот уред. Тие можат да добиваат информации за песните кои што ги имаат препознаено со Shazam, односно да бидат потсетени за нив. Исто така, вестите сега можат да ги добиваат од нивните апликации кои што ги користат за тоа, а ќе можат да изберат и време или локација кога ќе им бидат прикажани. Можностите се многу, а Google направи посебна страна на која што се прикажани дел од нив.

Извор: Google, VB

Претходна статијаNASA Space Apps Challenge 2014
Следна статијаThe Pirate Bay се врати онлајн, но не без обвинувања дека не е вистинскиот
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.