Покрај основната функција на апликацијата, давање на насоки за тоа како да стигнете до посакуваната локација, од сега, ќе биде вклучена и опцијата да го пронајдете вашето возило доколку не се сеќавате каде сте го оставиле.

Варијантата наменета за двата најпопуларни оперативни системи iOS и Android од сега ќе ја вклучува опцијата да го зачувате местото на кое сте паркирани, преку едноставно одбирање на „Save your parking“ за Android, односно „Set as parking location“ за iOS. Алатката може да се најде како особено корисна доколку се наоѓате на ново место кое не го познавате доволно како на пример друг град или доколку се наоѓате во голема гужва, како на пример трговски центар, концерт, фестивал и сл.

Покрај овој новитет, корисниците на Android ќе имаат прилика да забележат и низа други детали поврзани со паркингот, како преостанато дозволено време за паркирање, можност за зачувување на фотографија од паркинг местото и опцијата за споделување на локацијата на паркингот. Споредбено, корисниците на iOS ќе имаат на увид фотографија од локацијата и опција за споделување на истата. Од Google исто така потенцираа дека нивната апликација наменета за iOS вклучува автоматско регистрирање на паркинг локацијата доколку мобилниот уред е поврзан со автомобилот преку USB или Bluetooth.

За да добиете пристап до новите опции, едноставно „надополнете“ го Google Maps на вашиот смартфон.

Извор: HighSnobiety, PhoneDog

Претходна статијаЕлон Маск не се шегуваше кога најави дека ќе копа тунели
Следна статија72 отворени позиции за работа и пракса во 23-те компании учеснички на CareerLaunch