Апликацијата Google Maps наменета за оперативниот систем Android наскоро ќе вклучува опција која ќе им олесни на корисниците да пронајдат паркинг. Имено, според најновите дополнувања за апликацијата, при изборот на дестинација, корисникот ќе биде понуден со опцијата „Пронајди паркинг„.

Доколку опцијата биде одбрана, системот ќе понуди листа со гаражи и паркинзи во близина на дестинацијата. При наведувањето апликацијата ќе води грижа да ве одведе до паркингот, но и потоа пешки да ве одведе до саканата дестинација.

Опцијата примарно е достапна во само 25 градови во САД, но доколку се покаже како практична, несомнено ќе бидат вклучени и други поголеми градови од останатиот дел од светот.

Слична функција наречена „паркинг потешкотии“ чија цел е да понуди информации во врска со паркингот и потешкотиите за наоѓање на истиот ќе биде додадена на мапите на дополнителни 25 метрополи надвор од САД. До сега „паркинг потешкотии“ се тестираше во 25 градови во САД а, беше достапна и за корисниците на iOS и Android.

Извори: The Verge, The Next Web

 

Претходна статијаAsus лансира матична плоча за „копање биткоини“, која поддржува 19 графички картички
Следна статија“Infinity” дисплеите на Samsung со мала рамка се преселуваат и во поевтините модели