google-maps-android-icon

Google Maps за Android оваа недела добија нова можност која најмногу ќе им користи на корисниците кои имаат уреди од пониската класа, односно уреди со мал простор за складирање на податоци.

Можноста која Google Maps ја нуди веќе одреден период, која вклучува симнување на одреден дел од мапата за користење без интернет конекција, досега го користеше просторот на мобилниот телефон. Тоа како што нагласивме, не е баш погодно за корисниците на уреди со малку простор.

Новата верзија од Maps, на корисниците им нуди можност да изберат каде сакаат да ги чуваат симнатите мапи, па покрај досегашната можност за чување на мобилниот, тие сега може да ја изберат нивната SD картичка, се разбира доколку имаат.

Screen Shot 2016-01-25 at 7.03.40 PM

Како што истакнуваат од компанијата, корисниците веќе нема да мора да бираат помеѓу повеќе слики од храна и можноста за навигација каде што немаат интернет конекција.

Покрај оваа можност, Google Maps добиваат можност за вклучување на Wi-Fi режим на работа. Тоа значи дека апликацијата нема да користи интернет конекција, освен кога уредот е поврзан на Wi-Fi мрежа.

Со тоа на корисниците им се овозможува да заштедат од нивниот ограничен интернет сообраќај, а посебно кога се во друга земја, во исто време слободно користејќи ја својата конекција за други потреби.

81M6LszJB4Z

Извор: Google

Претходна статијаКорисниците најмногу користат до 5 апликации на нивните мобилни уреди
Следна статијаPokémon Go со најголеми приходи во првиот месец од пуштањето – повеќе од 200 милиони долари
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.