Google го претстави совето последно софтверско надополнување за нивната Gboard виртуелна тастатура наменета за Android уредите, со помош на која корисниците поедноставно ќе можат да внесат или изменат текст.

Откако примарно беше претставена за бета-корисниците, сега е јавно достапна, а истата вклучува минорни, меѓутоа особено корисни алатки за поправка на веќе напишаниот текст. Имено, главната новина кај новата виртуелна тастатура ќе бидат „стрелките“ со помош на кои корисникот едноставно ќе навигира низ знаците кои се веќе внесени со цел да може да измени евентуални грешки. Покрај тоа, новата тастатура ќе вклучува крупни „Copy“, „Paste“ и „Cut“ копчиња.

Всушност, наместо досегашното задржување на прстот врз одреден збор за да го измените или поместувањето на курсорот мануелно, Android нуди комплетен интерфејс на тастатурата наменет токму за навигација низ текстот. Големината на копчињата, всушност има главна цел да го замени деликатниот процес на прецизно поместување на курсорот низ знаците во текстот.

Ова е уште еден во низата чекори кои Google ги превзема во насока на олеснување на издавањето команди на уредите, откако претходно беше претставен принципот на „читање мисли“, односно внесување на текст без потреба од претходно копирање на истиот.

Меѓу другите измени Google ја претстави и можноста за репозиционирање и менување на големината на самата тастатура, што е доста корисно во извесни ситуации кога корисникот не е во можност да ги користи обете раце за пишување.

Новиот Gboard во моментов е достапен само за Andorid корисниците, меѓутоа доколку се покаже како успешен, несомнено ќе им биде овозможен и на iOS корисниците.

Извор: VentureBeat, Engadget

Претходна статијаИТ настан – IoT: Are you really connected?
Следна статијаCall of Duty пристигнува на 3-ти ноември