Files Go е нова апликација од Google која е достапна во тест фаза на ограничен број на корисници. Најверојатно наменета за корисниците на смартфони со мал капацитет и послаб мобилен интернет оваа апликација овозможува менаџирање на локалните фајлови, како и нивно споделување со други корисници.

Менаџирањето на локалните фајлови е очигледно направено со цел корисниците точно да знаат што им зафаќа најмногу простор, па истото да го избришат. Самата апликација дава предлози за бришење на фајлови, апликации и слично.

Втората функцијата на апликацијата овозможува споделување на фајлови со други корисници на оваа апликација, без користење на интернет конекција, а најверојатно преку Bluetooth. Со тоа повторно се покажува кон кој тип на корисници е наменета оваа апликација.

Google, но и доста други компании, се почесто прават „полесни“ верзии од своите апликации, како и целосно нови апликации специјално наменети за деловите од светот каде корисниците користат послаби телефони и имаат ограничен мобилен интернет.

Со оглед на распространетоста на сервисите од компанијата, обидот да се дојде и до останатите, „послаби“ корисници, е логичен потег. Сепак, целта на компаниите е да ги направат достапни нивните сервиси на што поголем број на луѓе, а на крајот со тоа и заработуваат.

Извор: 9to5Google, ZDNet

Претходна статијаКако Instagram Stories сега може да се објават и постари слики
Следна статијаGoogle и VW работат заедно на квантен компјутер за автомобилите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.