20161012_164828

Преку имејл испратен до своите партнери, Google информира дека веќе нема да бара тие да мора да ја вклучуваат Hangouts апликацијата како дел од Google Mobile Services. Се работи за апликации кои мора да бидат вклучени за партнерите кои ја вклучуваат Play Store продавницата, наместо сопствена и за тоа плаќаат лиценца.

Она што е интересно е што Hangouts нема да биде заменета со новата Allo, туку со исто така новата Duo. Причината зошто ова доаѓа како мало изненадување е што Duo е апликација наменета само за видео повици, додека Hangouts беше апликација за пораки, покрај другото, па по некоја логика се очекуваше Allo да биде замената.

Ова се разбира не значи крај за Hangouts, па корисниците кои ќе имаат уред на кој оваа апликација нема да дојде прединсталирана, истото ќе може да го направат преку Play Store.

Овој потег покажува дека од Google сметаат дека видео повиците се исто така многу важен дел за корисниците, па сакаат тоа подиректно да го покажат и истакнат. Уште еден доказ за тоа може да биде и FaceTime апликацијата на iOS, со која Duo е во директна конкуренција.

Инаку, од досегашното користење на Duo, изненадени сме што апликацијата се покажа како навистина корисна. Тоа е резултат на едноставноста на апликација која одлично си ја врши само работата за која е наменета, а тоа е брзи и квалитетни видео повици.

Извор: Android Police, Green Bot

Претходна статијаOokla претстави Windows 10 апликација за својот Speedtest.net сервис
Следна статијаHuawei Mate 9 неодоливо потсетува на Note 7 и S7 Edge
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.