Facebook веќе има верзија од нивната главна Android апликација направена за послабите телефони, па беше очекувано дека истото ќе го направат и за нивната исто така многу популарна Messenger апликација.

По примерот на главната апликација, Messenger Lite е името на „полесната“ верзија и од оваа апликација.

Наменета за послабите Android телефони, на почеток Messenger Lite ќе биде достапна во ограничен број на земји, по што треба да стане пошироко достапна. Земјите во кои на почеток ќе биде достапна ги вклучува Кенија, Малезија, Шриланка, Тунис и Венецуела.

Како што би очекувале од името и намената на Messenger Lite, апликацијата ќе зафаќа многу помал простор од стандардната верзија, ќе има поедноставен дизајн и ќе троши помалку интернет сообраќај. Сето ова треба да придонесе да корисниците на постари и послаби телефони, можат да ја користат апликацијата без проблем.

Исто така, иако не е нагласено во најавата, Messenger Lite сигурно нема да ги има сите функции од главната апликација, а тоа посебно важи за достапноста на ботови и слични понови функции.

Во основа, Facebook многу успешно прават да нивните сервиси се користени од што поголем број на корисници, па не е ни чудно што бројките ја надминуваат границата од милијарда.

Извор: Facebook, Engadget

Претходна статијаНатпревар за старт-ап компании
Следна статијаAllWeb со поволности за студентите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.