На голем број корисници на Facebook Messenger им е позната опцијата за споделување на својата гео-локација. Меѓутоа, претходно, споделувањето, односно прикажувањето на сопствената местоположба беше приближно, непрецизно и несликовито прикажано на мапата.

Со последните промени, Facebook Messenger овозможува приказ на прецизни движења по мапа во вистинско време. Што би значело тоа? Едноставно објаснето вашиот мобилен уред станува гео-локатор, GPS системот ја пронаоѓа и следи неговата локација, но од сега уште попрецизно од кога и да е.

Како се користи? Едноставно употребете ја новата икона наменета за опции поврзани со локацијата. Локацијата ќе биде видлива во наредните 60 минути, иако може да се исклучи кога и да е. Гео-локацијата е достапна и во групните разговори и вклучува неколку интересни алатки. На пример, Messenger ќе процени колку време ви е потребно да стигнете до вашиот пријател или до одредена локација.

Опциите кои се нудат можат да бидат неверојатно корисни, особено доколку се наоѓате во непозната средина, непознат град или место, каде морате да се координирате со група на луѓе. Опцијата ќе биде глобално достапна за сите корисници на  iOS и Android.

Извор: Facebook

Претходна статијаBTS Art Factory со ново веб искуство
Следна статијаКинескиот Tencent купи 5% од акциите на Tesla