clip-layer

Една од главните причини поради која повеќето корисници во минатото се одлучуваа за Android софтверот беше неговата слобода. Но со текот на времето и претставувањето на понови верзии на својот софтвер, Android започна се повеќе и повеќе да ја ограничува слободата на можностите. Ограничувањето постои дури и кај основната функција за пренесување на текст copy-paste која не може да се искористи во голем дел од софтверот.

За решавање на овој проблем Мicrosoft ја претстави својата нова апликација Clip Layer со која можете да го селектирате и копирате речиси целиот текст од екранот на вашиот смартфон. Само со долго притискање на Home копчето се вклучува апликацијата која jа анализира содржината на вашиот екран и ви овозможува пристап до делови кои нормално немаат можност за копирање. Апликацијата го селектира целиот текст, но потоа слободно можете да ги изберете фрагментите кои вас ви се потребни со помош на текст копчето –“Т”, и да манипулирате со нив копирајќи ги секаде каде што би посакале.

layers

Clip Layer не може да копира текст од слики и може да наиде на проблеми при копирање на текст од некој вебсајт, но надвор од тоа прилично одлично ја врши работата и претставува добра замена на copy-paste опцијата.

Апликацијата е дело на веќе познатиот сектор во Microsoft, наречен Microsoft Garage, кој веќе претстави повеќе интересни апликации, во главно наменети за двете најпознати платформи.

Нешто што нема да ги израдува корисниците на Google Now on Tap кратенката е тоа што оваа опција нема да биде достапна, бидејќи со долго притискање на Home копчето ќе биде лансирано Clip Layer скенирање.

Clip Layer моментално не е достапна во нашата земја, односно за да ја симнете ќе треба да го смените регионот на вашиот уред.

Извори: Microsoft, TNW

Претходна статијаSailfish OS е официјална алтернатива за Android на Руската Влада
Следна статијаSamsung развива систем за распознавање на движењето на очите за VR уредите