Chrome Home е нова „скриена“ функција на Chrome за Android која овозможува пристап до нов, тест изглед кој Google го тестира на оваа платформа.

Промената во изгледот во главно се темели на префрлување на главната лента од горната страна, на долната страна од корисничкиот интерфејс. Дополнително, поради позицијата, лентата има и нешто поразличен изглед, како и можност за повлекување нагоре за отворање на дополнителните информации достапни на главната страна.

Остатокот на прелистувачот е ист, а се разбира и технологијата на којашто работи.

Доколку сакате да го пробате самите овој нов изглед, потребно е да ја инсталирате бета верзија од Chrome, достапна во Play Store. Потоа, за активирање на Chrome Home изгледот, следете ги следните едноставни чекори:

  1. Внесете chrome://flags во делот за адреси
  2. Најдете го делот каде што пишува Chrome Home, а тоа најлесно ќе го направите преку Find on Page функцијата во главното мени на Chrome
  3. Притиснете на drop down менито каде што пишува Default и сменето го во Enable.

Доколку не ви се допаѓа новиот изглед, повторете ги претходните чекори и од Enable сменете во Default или Disable.

Извор: gHacks

Претходна статијаSamsung веќе почна да работи на Galaxy S9 моделите
Следна статијаРусија ги покажа првите компјутери на својот Elbrus-8S процесор
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.