Колку често ви се случува да уловите некој љубопитен поглед во екранот на вашиот телефон додека се допишувате со пријателите или едноставно талкате по интернетот? Колку пати неволно и самите сте го направиле тоа? Екраните на електронските уреди поседуваат неверојатна моќ која ги привлекува погледите на луѓето, што во пракса често значи нарушување на туѓата приватност.

За таа цел, тимот на BlackBerry разви неверојатно едноставна алатка која ќе ги оттргне несаканите погледи од вашата приватност. Се работи за Privacy Shade мобилната апликација, како што и самото име кажува, која овозможува да можете да го засените поголемиот дел од екранот, за видлив да остане само оној кој во моментот ви е потребен.

Најпрво, одбирате форма, круг или лента, која ќе остане видлива. Остатокот од екранот можете да го засените соодветно на потребите, односно потполно темен, па се до минимално затемнет. Видливата зона, можете да ја поместувате каде и да ви е потребно на екранот со едноставно движење на прстот. Апликацијата вклучува опција дури и видливата зона да биде затемнета доколку телефонот го држите надолу. Опцијата е достапна преку quick settings panel што значи дека можете брзо и едноставно да ја вклучите или исклучите.

Оваа неверојатно практична апликација за сега е достапна само за корисниците на BlackBerry уредите.

Претходна статијаApple патентира лаптоп куќиште за iPhone во кое тој ќе се користи и како тачпад
Следна статијаНова урбана приказна во оптичкото поле со отворање на Dioptra Couture