any-talk

Доколку сакате да научите да зборувате странски јазици со употреба на иновативна технологија низ разговор со други лица, можете да здивнете. AnyTalk е социјална мрежа која ви овозможува лесно изучување на странски јазик од други лица кои ја користат апликацијата, чиј што матичен јазик е јазикот кој што сакате да го изучувате, како и платформа за праќање пораки која овозможува лесна комуникација со вашите пријатели и познаници кои потекнуваат од други земји.

AnyTalk го намалува јазот во комуникацијата помеѓу лица од различно говорно потекло со тоа што ви овозможува да испраќате пораки на вашиот мајчин јазик, при што испратениот текст е автоматски преведен на мајчиниот јазик на пријателот со кој што се допишувате, или пак на јазикот кој тој пријател одбрал да го изучува. Начинот на кој што ова е овозможнено е тоа што апликацијата содржи софтвер за преведување вграден во самата „chat“ услуга. На овој начин, можете да пронајдете личности со кои сакате да размените корисни совети во процесот на изучување на странскиот јазик кој сте одбрале да го изучувате или пак едноставно можете да се впуштите во разговор со други лица кои ја користат оваа апликација, без притоа да се грижите дали ќе бидете убаво разбрани. За да успеете во ова, апликацијата сепак мора да го поддржува јазикот на кој што пишувате (без грижи, македонскиот е наведен како еден од официјално поддржаните јазици).

Дополнително, оваа апликација е посебно интересна поради тоа што останатите пријатели кои го говорат вашиот јазик и ја користат оваа апликација можат да извршуваат корекции и да ги поправаат вашите граматички пропусти (сите сме виновни за ова во одреден период од нашите животи). AnyTalk исто така содржи и натпреварувачки елемент, со тоа што доколку извршите одреден број на граматички поправки, се стекнувате со соодветен број на поени преку кои станувате потенцијален добитник на награда.

Во моментов, AnyTalk поддржува повеќе од 80 различни јазици.

Anликацијата може да се инсталира на Андроид платформата преку Google Play Store на следниов линк.

Извор: Tech Trends

Претходна статијаNSA виновни за згаснувањето на интернетот во Сирија ?
Следна статијаНадграден Skype за Windows Phone, вклучува можност за споделување на локацијата