Avast Software обелодени кои апликации на Android најмногу ја трошат батеријата. На нивната листа од десет најголеми трошачи на батеријата, три се поврзани со Facebook вклучувајќи го и првото место на оваа листа кое е резервирано за самата Facebook апликација. Facebook апликација воедно е и најкористената апликација ширум светот. Како што напишав и во еден друг текст, корисникот може да ја избрише оваа апликација со цел да заштеди батерија, а притоа да се логира на Facebook преку пребарувач од неговиот смартфон.

На второ место се најде musical.ly, апликација која служи за снимање на кратки видео клипови од по 15 секунди каде што корисникот сам или со пријателите синхронизираат пеење на некоја популарна песна. На тестот на Avast оваа апликација ја испразнила целосно батеријата на Samsung Galaxy S6 за само 2 часа.

Одиме понатака, на трето место очекувано се најде Google Maps особено затоа што корисниците знаат да ја остават вклучена оваа апликација со саати додека се движат од едно место на друго. Наредна апликација на листата е WhatsCall која служи за бесплатна комуникација помеѓу корисниците насекаде во светот. На петто место е Daily Mail, апликација која што не само што ја троши батеријата туку и самата автоматски се стартува во позадина и претставува оптеретување за системот.

Tinder е исто така на оваа листа на шестата позиција на најголеми трошачи на батеријата. На оваа листа има и некои изненадувања како што е Jehovah’s Witness, апликација која што Ви овозможува да ја превземете библијата преведена на било кој јазик.

Интересно е тоа што според Avast Software на почетокот на 2016 година најверојатно батеријата на Вашиот смартфон траела подолго одколку сега на крајот на истата. Тоа најчесто се должи на одредени надградби на апликациите кои ги користите секојдневно.

Извор: DigitalTrends, BlogAvast

Претходна статијаКнижевен предлог: Играта на Ендер (Ender’s Game)
Следна статија5 начини за прослава на Нова Година – Geek верзија