opera-mini-b-wp-screens

Минатата недела беше најавено дека Opera работи на развој на својот познат интернет прелистувач Opera Mini за Windows Phone платформата. Прелистувачот во почетокот требаше да биде достапен во бета форма за корисниците кои што ќе се регистрираат за негово тестирање. Една недела покасно, Opera Mini бета е достапен за симнување за сите корисници, односно не само за тие кои што се имаат регистрирано. Ова е добредојдена апликација за Windows Phone платформата, која што иако секојдневно го зголемува бројот на достапни апликации, се’ уште има проблем со нивниот квалитет.

Opera Mini прелистувачот е оној истиот кој што го паметите доколку го имате користено до пред некоја година кога беше можеби најпопуларен на обичните мобилни телефони. Го вклучува истиот минималистички кориснички интерфејс со црните ленти на горната и долната страна. Горната лента покрај името на прелистувачот, ги вклучува и полињата за внесување на адреси и пребарување преку Google или уште неколку од достапните пребарувачи. На долната лента се поставени копчињата back и forward, како и копче за стопирање на отворање на страната или нејзино повторно отворање. Преку оваа лента исто така се пристапува до табовите при сурфањето, како и менито.

Прелистувачот на главната страна го вклучува познатиот Speed Dial, каде што ги поставувате вашите најчесто посетувани веб страни за брз пристап. Поради тоа што овој прелистувач е наменет за послабите телефони, како и корисниците на послаба интернет конекција, Opera Mini ги вклучува стандардните прилагодувања за квалитетот на сликите, како и нивното прикажување.

Од тоа што можевме да го видиме, овој прелистувач е оној стариот кој што одлично функционираше на постарите телефони во време кога брзините на мобилниот интернет беа многу помали. Сега, кога се достапни многу понапредни прелистувачи, Opera Mini остава застарен впечаток, што не е ни чудно со оглед на тоа што од компанијата сега се насочени кон нивните понови прелистувачи кои што ја користат технологијата користена од страна на Chrome.

Доколку сакате да ја пробате бета верзијата од Opera Mini за Windows Phone, тоа можете да го направите преку следниот линк.

opera-mini-b-wp-qr

Претходна статијаApple ги претстави iPhone 6 и iPhone 6 Plus
Следна статијаApple Watch, повеќе од достоен противник
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.