Деновиве се одржа Microsoft Edge Web Summit 2017. Целта на настанот во главно е да се запознаат веб девелоперите со новитетите и олеснувањата кои Edge ќе им ги овозможи при изработката на веб решенија.

Сепак највпечатливото од самитот, најверојатно ќе биде објавата дека Edge активно се користи на над 330 милиони уреди, што значи дека повеќе од двојно се зголемил бројот на активни уреди во периодот од пред последниот самит кој се одржа во април, каде што бројот на активни уреди изнесувал 150 милиони.

Edge е достапен исклучиво на Windows 10 уреди. Бидејќи Windows Mobile полека изумира и не е достапен на постари Windows верзии, значи Edge воглавно се користи на PC и Xbox One уреди.

Ова е сериозен напредок за Microsoft. За само неколку години од претставувањето на Edge во 2015 веќе станува закана за Firefox кој има над 500 милиони активни корисници, но сепак заостанува далеку зад Chrome со над милијарда активни корисници.

Секако, бројот на активни уреди не ни дава комплетна слика за тоа колку е користен Edge, затоа што еден корисник може да користи повеќе уреди и еден уред може да биде користен од повеќе корисници.

Извор: VB

Претходна статијаGoogle Chrome ќе ги блокира досадните „autoplay“ видеа од наредната година
Следна статијаSamsung го претстави првиот климатизер од кој нема да се „вкочаните“