Вашиот веб прелистувач е основната заштита против инфекции од штетен софтвер. Затоа е портебно прелиствачите да имаат вградено соодветен систем на заштита отколку да се потпираат на претпоставката дека корисниците ќе користат екстерни преограми за таа цел.

Најголемиот ризик од инфекции доаѓа во форма на безбедносни пропусти во Java скриптите од Oracle кои ги користи вашиот прелистувач. Java технологијата ја користат голем број на популарни веб страни како што е YouTube за приказ на видеа и дрги графички содржини.

Во итражување спроведено од страна на NSS Labs, Inc. беа тестирани пет од најпопуларните интернет прелистувачи со примерок од 754 веб страни за кои е познато дека се користат за достава на штетен софтвер до вашиот копјутер.

За време на тестирањето кое траеше 28 дена најефикасен се покажа Microsoft Internet Explorer 10 блокирајќи неверојатни 99,96% од штетниот софтвер, додека на второ место се најде Google Chrome прелистувачот блокирајќи 83,16%. Apple Safari 5 со 10,15% и Mozilla Firefox 19 со 9,92% се најдоа на третото и четвртото место респективно, овозможувајќи далеку помала заштита. На последното место се најде Opera 12 прелистувачот со само 1,87% ефикасност против штетен софтвер што практично не претставува никаква заштита.

iesafe

Претходна статијаРедизајнирана Yahoo! Weather за Android
Следна статијаSamsung ќе користи сопствени процесори во следната генерација на мобилни уреди