Со цел намалување на финансиската зависност од Google, а најмногу поради развојот на сопствениот Chrome, Mozilla реши сопственото финансирање да го бара на други страни. Па така, во 2014 главниот пребарувач во Firefox стана Yahoo, за корисниците во САД и уште неколку земји, а локално популарните пребарувачи беа ставени во земји како Русија и Кина.

Договорот којшто Mozilla го направи со Yahoo беше потпишан на 5 години, што значи дека тој е раскинат 1 година порано. Од Mozilla истакнуваат дека се искористени одредени клаузули од договорот со што е овозможено раскинувањето без никакви проблеми.

Причината за ваквата одлука не е позната, меѓутоа со оглед на случувањата околу Yahoo и продажбата на компанијата, сигурно го става Google во многу подобра позиција кога е во прашање избор.

Од најновата верзија на Firefox, која дојде со досега најголеми промени, Google повторно е главниот пребарувач во прелистувачот. Корисниците, како и досега ќе може да го променат нивниот главен пребарувач, но доколку го остават со инсталацијата на Firefox, тој сега ќе биде Google.

Чисто за појаснување. Кога говориме за главен пребарувач, се мисли на пребарувачот којшто ќе се користи при пребарување од лентата за адреси, односно лентата за пребарување која се прикажува со секој нов отворен таб.

Извор: gHacks

Претходна статијаСпоред истражувања на Google, “Phishing” е најголема закана за безбедноста на корисниците
Следна статијаAndroid смартфоните од високата класа во 2018 ќе имаат технологија за 3D препознавање на лица
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.