chrome-logo

Дека на Flash додатокот му се одбројани деновите е јасно веќе одреден период. Технологијата е веќе застарена, подложна е на хакерски напади, а и значително влијае на перформансите на уредот, како и трошењето на ресурси.

HTML5 може слободно да се каже дека веќе е главниот стандард кој го заменува Flash, но тоа не значи дека Flash не се користи се’ уште во огромна бројка. Тоа значи дека прелистувачите не може туку така само да ја тргнат целосно поддршката за оваа технологија, па истото се прави постепено.

Google веќе неколку пати прави промени кои се поврзани со пуштањето на Flash содржина. Истата стана исклучена на сметка на HTML5, а корисниците можат да вклучат некоја Flash содржина преку копчето кое се појавува доколку не е достапна HTML5 верзија.

Од Chrome 53 прелистувачот ќе започне со блокирање на позадинската Flash содржина, како што е таа за аналитика на страната. Оваа функција ќе биде достапна во HTML5, а од Google истакнуваат дека корисниците ќе забележат разлика во брзината на отворањето на страните.

Исто така, од Chrome 55 во декември, HTML5 ќе биде стандардната технологија која ќе се користи целосно во прелистувачот, освен на тие страни кои работат на основа на Flash. За овие страни ќе треба да биде одобрено вклучувањето на Flash при нивното отворање.

Извор: Google

Претходна статијаFast.com мерачот на интернет брзина од Netflix достапен на Android и iOS
Следна статијаiPhone 8 ќе биде целосно изработен од стакло?
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.