Chrome

Google ќе воведе новина кај својот веб пребарувач Chrome, која ќе се однесува на сајтовите кои имаат тн. tab-under однесување. Под ова комплицирано име се мисли на сајтови кои доколку кликнете на празен простор, отвораат нов таб и прикажуваат реклама.

Ваквите сајтови се користат за да намамат публика да погледне некоја реклама, која често нема врска со интересите на корисникот. Ваквите сајтови всушност се контрапродуктивни за оние кои плаќаат за да се рекламираат. Бидејќи на овој начин вештачки се „пумпа“ бројот на импресии, додека публиката е произволна, а не таргетирана.

Според мерењата на Google, ваквите сајтови покажуваат низок процент на вклученост (engagement) на публиката. А тоа пак, значи дека се работи за класичен spam. Од компанијата претставија 3 можни начини за справување со овој проблем.

Првите два начини ќе бидат предупредување на корисниците, во рамки на самиот пребарувач. Разликата е во тоа каде ќе се појави предупредувањето. Имено, првиот начин ќе предупреди пред воопшто да бидете упатени на новиот таб. Додека, вториот ќе ве предупреди отпосле. Логички ќе биде доколку Google се одлучи за првиот начин. Третата опција предвидувала подобрување на постоечкиот Ad-block сервис.

Новитетот се очекува да се појави на петте најпопуларни платформи. Меѓу нив се: Windows, Mac, Linux, Chrome OS и Android. Надоградувањето на опцијата ќе изостане кај Android WebView. Од компанијата не соопштуваат која од наредните верзии на Chrome ќе ја поседува оваа можност.

Извори: Bleeping Computer, gHacks

Претходна статијаНови информации и фотографии за Huawei Mate 10
Следна статијаТим Кук порачува да се учи кодирање, наместо англиски