Не знам за вас, меѓутоа за мене овие видеа се едни од најмногу досадните и иритантни работи на интернет. Истражувам што наредно да напишеме на Смартпортал и од големиот број на отворени „табови“, некој од нив почнува да пушта звук и ме прекинува во работата. Среќа што веќе одамна прелистувачите ги означуваат овие табови со посебна икона, па лесно може да се прекине звукот.

Сепак, Google почнувајќи од 64та верзија од својот Chrome прелистувач, ќе воведе промени кои ваквите ситуации ќе ги направат минато. Оваа верзија треба да има стане достапна на сите корисници од јануари 2018, па сепак ќе треба да причекаме малку.

Поточно, почнувајќи од оваа верзија, Chrome ќе ја блокира autoplay содржината од веб страните автоматски. Истата ќе може да биде пуштена само во одредени исклучоци кои од Google точно ги истакнуваат:

  • Autoplay содржината го има исклучено звукот
  • Корисникот има кликнато или притиснато некаде на страната
  • Веб страната е додадена на главниот екран на мобилниот уред
  • Доколку корисникот често има пуштано медиа содржина на десктоп верзијата од страната

Слободно може да кажеме дека овие промени ќе го решат проблемот со досадните видеа, а во исто време ќе овозможат нормално функционирање на страните со кои корисникот нема проблем.

Во претходната верзија Google Chrome, како што веќе пишувавме, ќе им овозможи на корисниците блокирање на звукот од одредени страни, дури и по повторно вклучување на прелистувачот.

Извор: Google, Ars Technica

Претходна статијаНема пари од реклами, Pirate Bay ќе го искористува вашиот процесор за да „копа“ виртуелни монети
Следна статијаMicrosoft Edge надмина 330 милиони активни уреди
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.