chrome-53

Google ја пушти 53-та стабилна верзија од нивниот Chrome интернет прелистувач, па иако истата не донесува многу промени кои би ги интересирале обичните корисници, таа сепак има една интересна новина.

Google Chrome 53 е првата стабилна верзија која го вклучува новиот изглед на прелистувачот, направен со правилата на материјалниот дизајн. Овие дизајн правила се користат веќе одреден период во производите на Google, а беа за првпат претставени во Android 5.0 Lollipop.

Во основа Google Chrome изгледа исто, кога се работи за главниот концепт на прелистувачот. Она што го донесува материјалниот дизајн е порамни површини на елементите на корисничкиот интерфејс, анимации при притискање на менијата и слично.

Во текот на овие две години, постепено повеќето сервиси од Google почнаа да бидат прилагодувани според правилата на материјалниот дизајн, а Chrome е еден од последните кои останаа непроменети, досега.

Корисниците на кои не им се допаѓа новиот изглед, истиот можат да го исклучат преку подесувањата кои се наоѓаат на chrome://flags/.

Покрај оваа главна промена, најновата верзија од Chrome донесува и повеќе сигурносни исправки, како и новини кои би ги интересирале програмерите.

Новата верзија од Chrome е веќе достапна за симнување, односно надградба преку самиот прелистувач, па истата може да се инсталира.

Извор: Google, VB, The Verge

Претходна статијаЗа Samsung грижата за Корисниците на прво место
Следна статијаПродажбата на таблети ќе се стабилизира во 2018 година, благодарение на Windows 10 уредите
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.