flash_tile

Поради префрлување на Google од NPAPI (Netscape Plugin API) кој што е стар и како што нагласуваат од таму е извор на проблеми, како сигурносни така и функционални, Flash додатокот нема веќе да функционира на Chromium прелистувачите. Оваа промена е планирана за сите платформи, меѓутоа Chromium прелистувачот е користен во голем процент, наместо Chrome, кај корисниците на Linux оперативниот систем, па поради тоа оваа вест нив најмногу ги засега. Исто така поддршката за NPAPI ќе биде прекината порано од планираното на Linux, за разлика од другите платформи на кои што рокот истекува на крајот од оваа година.

Новиот API за додатоци кој што се користи во новите верзии на Chrome e PPAPI (Pepper Plugin API) и истиот е многу посигурен, користи sandboxing технологија и е во согласност со новите стандарди. Flash додатокот ќе доаѓа вграден во Chrome прелистувачот за сите платформи, користејќи го новиот формат за додатоци. Поради тоа корисниците на Google Chrome нема да имаат никаков проблем користејќи страници на кои што е потребен Flash додатокот. Меѓутоа корисниците на Chromium, нема да имаат можност да го инсталираат овој додаток, нешто што иако е можно да се направи извлекувајќи го истиот од Chrome прелистувачот, нема да има легален начин да биде дистрибуиран за сите корисници да го симнат и инсталираат. Поради тоа корисниците на Chromium на Linux од Април нема да може да користат страници базирани на Flash технологијата.

Претходна статијаSolarCooler преносен фрижидер кој работи на соларна енергија
Следна статијаUbuntu 13.04 „завршува“ на 27 Јануари 2014
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.