ww-desktop-browser-apr-2016

На почетокот од месецот можевме да прочитаме дека Google Chrome конечно и официјално го помина Internet Explorer, заедно со Edge, според бројот на корисници, односно пазарниот удел.

Ова беше очекувано со оглед на популарноста на прелистувачот од Google, како и фактот дека Internet Explorer успева да го одржи бројот на корисници поради компаниите и постарите корисници.

Овие информации се однесуваа на пазарниот удел, а доаѓаа од компанијата за статистика Net Marketshare.

Оваа недела, исто така познатата компанија StatCounter излезе со бројки кои го покажуваат користењето на интернет прелистувачите, односно не нивниот пазарен удел. Инаку, според оваа компанија, главниот пазарен удел се’ уште го држи Internet Explorer со 44,27% наспроти 37,91% на Chrome.

Она што е интересно во нивната статистика за активни корисници е што Firefox конечно успева да ги помине Internet Explorer и Edge.

Сепак, кога ќе се разгледаат и овие бројки, повторно се гледа доминацијата на Google Chrome кој има 60,5% активни корисници и оваа бројка цело време се зголемува.

Поминувањето на Firefox повеќе се должи на поголемиот пад на Internet Explorer во споредба со падот на Firefox.

Извор: VB, StatCounter

Претходна статијаAcer StarVR е нов уред за виртуелна реалност со најширок агол на гледање
Следна статијаНов систем за регенерација на матични клетки
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.